Македонија
19. July 2017 - 16:43

Здруженијата на Македонците-бегалци од Егејска Македонија бараат помош од владата за враќање на имотите

Здруженијата на децата бегалци од Егејска Македонија бара од владата повторно да се активира координативното тело кое треба да им помогне во процесот на враќање на имотите во Грција. И по  69 години од големиот егзодус на децата од егејскиот дел здруженијата повторно  побараа извинување и репарација. Владите на двете држави да склучат договор за траен мир и добрососедство.

Веќе 10 години над 10 000 тужби за враќање на конфискуваниот имот на Македонците со потекло од Егејска Македонија чекаар судска разрешница во судот за човекови права во Страбур. Оштетата која ја бараат од Грција тежи над 10 милјарди евра. Протераните Македонци и нивните потомци бараат од МНР да им помогне да се повлечат изречените  забраните за влез во Грција, за да можат слободно да го посетат својот роден крај.

Донка Ѓаковска низ солзи раскажува за прогонот од своето родно село.  Свежи се сеќавањата вели на  април 1948 година кога со парче леб во торба  се качиле  на возот за Романија за се спасат од граѓанската војната.

Пред споменикот на  28 000  деца бегалци од Егејска Македонија во паркот Жена Борец, граѓаните  положија свежо цвеќе по повод 69 години од големиот егзодус за време на граѓанската војна во Грција 1946 до 1949г.