Македонија
18. November 2016 - 8:43

Здружението на ветерани и резервисти одбележува 15 години постоење

Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија денеска, со свечена седница во Домот на АРМ, ќе одбележи 15 години  од формирањето.

На свеченоста ќе присуствуваат претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија, претседатели на слични здруженијата од соседните земји, претставници од локалната самоуправа и организациите со кои здружението соработува.