Бизнис
27. October 2016 - 19:33

Здружение на пчелари: 90% од медот е фалсификат

90 отсто од медот кој се продава на пазарите во Охрид е фалсификуван тврдат од пчеларското здружение ,тие сметаат дека може да се живее и заработува од производство на мед доколку ги нема фалсификаторите.

Јосифоски Тони кој 18 години одгледува пчели вели дека мора да се работи на отстранување на овие производи од пазарот .

Засилени контроли против фалсификаторите на медот најавија од агенцијата за храна и ветеринарство.И покрај тоа што казните изнесуваат до 5 илјади евра а инспекторите еднаш месечно се по пазарите и на патот Охрид –Кичево каде најчесто се забележуваат препродавачи на медот  сеуште има луѓе кои наместо мед продаваат гликозен сируп.

Инаку со субвенциите на владата расте и бројот на пчелари во земјава.Охридското здружение брои 45 членови од нив 20 се нови пчелари кои се одлучиле да се занимаваат со овој бизнис.