Македонија
22. December 2016 - 19:18

Здружение ,,Камени Мост‘‘: Странските ,,експерти‘‘ да ја остават Македонија сама да ги реши внатрешните прашања

Апелираме до сите политички партии во Македонија да го вклучат разумот, посебно поразените страни. Апелираме до сите странски „експерти “ да ја остават Македонија сама да ги решава своите внатрешни проблеми, порачува во својата писмена реакција македонското здружение КАМЕНИ МОСТ од Италија.

- Доколку сакаат да се издигнат во очите на граѓаните и да почнат да ја придобиваат нивната доверба со работа и залагање, а не со купување на гласови, претежно албански, редно е да подат рака и да ја честитаат победата, а веднаш потоа да се реорганизираат и да почнат со демократси методи на работа, како што доликува на една конструктивна и силна опозиција, се вели во реакцијата.

Здружението од Италија повикува да се признае изборниот резултат и што поскоро да се формира Влада.

- Се случи она што најмалку го очекуваше опозицијата. Македонскиот народ повторно гласаше за Македонија. Македонскиот народ нема друг избор освен Македонија. Никој не смее да ја оспорува вољата на граѓаните во ниедна демократска земја, а Македонија се смета за таква. На аболицираниот криминалец З.З. заедно со неговите радикални албански поддржувачи и странски амбасадори им се случи големо изненадување, им се случи народ, порачуваат во реакцијата.

Од здружението КАМЕНИ МОСТ го пренесуваат револтот од наметнувањето на срамниот цензус за избор на пратеник од дијаспората. Наместо почит за придонесот кон татковината, велат останале без можноста да го пренесат својот став.