Здравствени аниматори им помагаат на социјално загрозени семејства во Виница
Четворица здравствени аниматори и двајца олеснувачи обучени од невладината организација „Кхам“ со седиште во Делчево, се на терен и им помагаат на социјално загрозени семејства во општина Виница, за остварување на нивните здравствени права во рамки на Програмата за здравство и здравствени права – интеграција на Ромите.
- Проектот е веке започнат. Здравствените аниматори завршија дел од обуките, а паралелно ги посетуваат домовите каде разговараат со семејствата на кои им е потребна одредена здравствена помош или се судриле со некои неправилности при добивањето на некоја здравствена услуга, изјави координаторот на програмата, Зоран Биковски од невладината организацијха „Кхам“.
Од досегашната работа во Виница, посочи, пријавени се 10 случаи за прекршување правото на здравствена заштита кај ромското население, и се напишани и поднесени 70 преставки за остварување правото на еднокаратна или друга помош.
- Со скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка кај 250 жени Ромки (22,5 отсто) е извршена контрола со пап тест, истакна Биковски.
Ангажманот на здравствените аниматори и олеснувачите меѓу ромското население во Виница е до јуни 2018 година, кога ќе заврши проектот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација