Живот
19. August 2017 - 11:41

Зборуваше дека е бескорисен и дека треба да го вклучи мозокот, а сега објави дека чека негово дете

Никогаш не се знае. Можеби татко на вашето дете ќе стане некој кој е бескорисен и кој треба да го вклучи мозокот. Тоа и се случи и на оваа дама и тоа четврти пат. Приказната за Колин Руни е многу интересна.

Сопругата на фудбалерот Вејн Руни повторно е трудна и тоа четврти пат. Тоа го потврди на една од социјалните мрежи.

- И тоа како сум среќна. Никогаш не сум ги негирала наводните вести, но сакав да се заштитам. Бев на ултразвук и се е во ред. Бебето број 4 е на пат - напиша гордата госпоѓа Руни.

Сепак таа пред неколку дена остро го нападна својот сопруг наведувајќи дека е бескорисен и дека не сака да и помага.

- Нема шанси да изнесе ѓубре или да измие садови. А ако го замолам да испрати писмо, подобро тоа сама да го направам. Би сакала повеќе да го користи мозокот, отколку нозете на терен - нагласи Колин истакнувајќи дека мажот го доживува како бескорисен.