Џет-Сет
1. July 2016 - 20:29

ЗАЖАЛИ ШТО Е НА БРОД: Ноне во страшни болки среде океан плаче по Македонија

Таа е природна, непосредна и секогаш своја… И токму овие карактеристики прават Ноне Неделковска, иако долги години не е на сцената, постојано да биде во фокусот на медиумското внимание.

Фановите обожаваат да ѕиркаат како изгледа нејзиниот живот на брод, а пак таа несебично споделува фотографии од сите свои авантури и патувања ширум светот.

Сепак Ноне нема проблем и да го отвори срцето кога има некоја мака, а деновиве е токму во таква ситуација. Носталгијата едноставно ја преплави нашата џебна Венера.

-Далеку од дома…ти фалат мама, тато, брат, куче, маче, пријатели, бурек, ајвар, тавче гравче… и плус те боли заб. Па нема полошo… Томе вие највеќе ми фалите во моментов. 50 клиники во Америка не можат да ве заменат!, напиша Ноне, а посебно внимание му посвети на својот стоматолог.

Изгледа забоболката среде океан и не е така мала работа, па буди емоции тон за дома за Македонија!