Македонија
12. March 2016 - 9:59

Завршуваат 7. „Вечери на женски права“

Со проекција на филмот „Бог не работи во недела!“ во режија на Леона Голдштајн, вечер во Кинотека на Македонија завршуваат 7. „Вечери на женски права“.

Настанот се организира под покровителство на Градот Скопје, во соработка со Канцеларијата на UN Women од Скопје, Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет од Скопје, Центарот за истражување и креирање политики и Кинотеката.