Бизнис
12. February 2018 - 19:49

Завршува времето на евтини пари, а Македонија е подготвена за несигурниот период кој ќе следува, вели Богов

Завршува ерата на евтини пари во светот, на поводок нови турбуленции на светскиот финансиски пазар, но не со толкав интензитет како во 2008 та година.   Вбризгувањето на оргомна количина пари во светот од американски ФЕД , Европската Централна  банка и големите банки  за да не се повтори светската криза – заврши. Сега треба да се повлече сета таа ликвидноста која се инјектираше во економиите во изминативе 10 години. Тоа значи дека каматните стапки ќе растат, за да се спречи инфлацијата.  Македонската економија, според гувернерот Богов е подготвена  за несигурноста  која ќе следи

- Македонската економија треба да биде внимателна, добро подготвена. Банкарскиот сектор е зајакнат, буџетскиот дефицит се намалува, очекуваме јавниот долг да се стабилизира,  издавањето на еврообврзиница со ниска камата е позитивен чекор, се избегнува нестабилноста,  обезбедени се пари до средината на наредната година, изјави Димитар Богов, гувернер на Народната банка

Наредната година се очекува да започне со зголемуцање на каматните стапки од страна на Европската Централна банка. Тоа ќе предизвика промени и на референтанта камата кај нас, која е основа  по која се одредуваат каматите на кредитите и депозитите.

- Дали ќе се менува , ќе се зголемува или ќе се намалува, но можно е и а остане непроменета, се ќе зависи од вкупниот амбиент, додава Богов

Минататата недела берзанските индекси на Вол стрит потонаа за повеќе од 5%, што е најголема загуба во последните две години.. Нивниот пад го следеа и останатите берзи во светот, но оваа недела започна со стабилизација и раст на берзанските индекси. Според мислењето на аналитичарите, минатонеделниот пад на  берзите е само мометална пречка  на патот, а не и потполна промена на правецот.