Македонија
18. December 2017 - 8:35

Завршна конференција на проектот на УСАИД за заштита на човековите права

Во Скопје ќе се одржи завршна конференција на проектот на УСАИД за заштита на човековите права имплементиран од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), на која ќе се обратат Дејвид Атебери, претставник на УСАИД за Македонија и Жарко Алексов директор на проектот.

На конференцијата ќе бидат презентирани предизвиците во заштитата на човековите права и главните наоди од „Годишниот извештај за ефикасноста на правната заштита на човековите права во Македонија за 2017 година“.

Проектот на УСАИД за заштита на човековите права го поддржува имплементирањето на меѓународните правни стандарди во заштитата на човековите права во Македонија.

Целта на Проектот е унапредување на заштитата на човековите права преку воспоставување практикантска програма, едукација на младите правни професионалци во областа на човековите права, водење стратешки постапки за случаи на повреди на човековите права пред надлежните институции и Европскиот суд за човекови права и јакнење на улогата на граѓанските организации во промовирањето и заштитата на човековите права во Македонија.