Свет
22. October 2017 - 21:55

Заврши заложничка криза во централна Англија

Припадници на британската полиција вечерва во упаднаа во салата за куглање во забавниот парк во Нанитон во централна Англија, ослободувајќи ги двајцата заложници што ги држеше вооружен маж, кој е приведен, јави Би-Би-Си.

Во изјава ја британскиот јавен сервис, директорот на компанијата „МФА Боул“, во чија сопственост е салата, Мехди Амшар изјави дека „кризата е надмината, без жртви“.

Според Амшар, лицето што ги задржа заложниците, најверојатно е поранешен сопруг или момче на некоја од вработените во компанијата. 

Полицијата, уште претходно соопшти дека инцидентот во салата за куглање во трговскиот комплекс, во кој имало и кино, фитнес сала, продавници и ресторани, не е поврзана со тероризам.

Во објави на Твитер полицијата сепак ги повика грѓаните да ја избегнуваат областа на местото на инцидентот, каде пристигнаа неколку амбулатни возила и еден хеликоптер на Брза помош.