Македонија
25. July 2016 - 12:36

Заврши втората фаза од доизградбата на ул.„Австралиска“ во Ѓорче Петров

Заврши втората фаза од доизградбата на улицата „Австралиска“ во населбата „Даме Груев“, која e дел од проектот „15 нови улици во Ѓорче“.

Од општина Ѓорче Петров информираат дека е извршена реконструкција и на фекалната канализација, водоводната мрежа, а таму каде немало, поставена е нова фекална и атмосферска канализација.

Улицата е со должина од 250 метри и ширина од 5 метри. Изведени се и тротоари, а поставени се и 21 нова канделабра. Изведувач на градежните работи е АД „Карпош“.