Балкан
9. November 2016 - 20:37

Заврши воената вежба „Славјанско братство 2016“

На српскиот воен полигон „Пасуљанске ливаде“ денеска беше  одржана техничко-тактичка вежба, со која успешно завршија воените маневри „Славјанско братство 2016“.

Во вежбата одржана на воените аеродроми и полигони во Србија учествуваа 212 руски војници, 56 војници од Белорусија и 450 војници од Србија. Вежбата беше фокусирана на способноста за борба против тероризмот.

На денешната вежба присуствуваше и српскиот претседател Томислав Николиќ, кој посочи дека „во борбата против тероризмот имаме заеднички интерес и нема држава, која нема интерес да се бори против тероризмот“.

Вежбата почна на 3 ноември и траеше до денеска на аеродромите и полигоните на армијата на Србија.