Македонија
14. January 2018 - 16:27

Заврши Вевчанскиот карневал

Со последното Василичарско оро и чинот на палење на маските на двете друштва Горна и Долна маала попладнево се спушти завесата на театарот под отворено во Вевчани.

Изобилство од креативност и импровизација на сатирата за настаните  што ја одбележаа минатата година можеше да се забележат низ улиците на Вевчани.

Многубројните гости уживаа во шегите, довикувањата, ведриот дух и позитивната енергија на василичарите.

Карневалот според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради својата традиционалност, таинственост и уникатни маски а карактериситчно е и тоа што никој никому не се лути, бидејќи ова се денови на шегата во Вевчани.

За вевчанскиот карневал нема пишано правило за тоа како треба да се организира, ниту пак сценарио по кое треба да се движат поворките на василичарите, тој низ вековите, добивал во квалитет и побогата содржина.

Инаку Вевчани е атрактивно не само за карневалските денови туку и во текот на целата година.