Бизнис
15. јуни 2017 - 21:45

Заврши третиот циклус Саеми за вработување

Над 50 фирми имаат потреба од вработување на нов кадар. Тие денеска се претставија на саемот за вработување во Скопје. Ги информираа присутните граѓани  како поолесно да дојдат до работно место. Невработените пак со надеж дека од некоја фирма ќе ги повикаат на интервју. Меѓу најчестите причини зошто се без работа ги набројуваат ниските плати и работата на црно.

Компаниите покрај вработувања од различни профили нудат и бесплатни обуки за преквалификација на вработените.

- На овој саем сме тука да ги понудиме новите бесплатни обуки кои ќе бидат преку Агенцијата за вработување, конкретно за јава програмери и во делот за софтвер за проверка на квалитет, како најнови што се нудат“, вели Анче Јовановска, менаџер за човечки ресурси.

Од АВРМ велат дека со досегашните мерки за вработување биле опфатени над 100 000 лица од кои 43 000 работат.

Со саемот за вработување во Скопје заврши третиот циклус саеми со кој беа опфатени поголемите градови низ земјава.

- Во досегашните два циклуси саеми за вработување биографии доставиле над 70 000 лица. Од нив се вработиле повеќе од 2500.