Македонија
13. јуни 2016 - 16:44

Заврши тестирањето по странски јазик, задутре уште еден испит од државната матура

Екстерниот испит по странски јазик од државната матура денеска се реализирал без проблеми во сите средни училишта.

- Материјалот до сите училишта беше доставен навремено и испитите се реализираа согласно пропишаните правила и процедури, информира Државниот испитен центар. 

Најголем број од матурантите и оваа година се пријавиле за испитот по англиски јазик (15.353), германски јазик полагале 197 ученици, француски 114 и руски јазик 32 кандидати. 

ДИЦ во соопштението наведува дека во процесот на реализација на матурата во училиштата биле ангажирани околу 1400 наставници - тестатори и 200 набљудувачи, 

Од годинашното полагање државна матура во јунската сесија останува уште еден испит - на 15 јуни по предметите: филозофија, бизнис, физика, хемија, историја, биологија и естетика.