Македонија
13. јуни 2016 - 19:32

Заврши тестирањето по странски јазик, задутре уште еден испит од државната матура

Државната матура во Македонија се одвива без проблеми. Реформата  низ годиниве се покажала како успешна. 

Државата е  добар пример за регионот каде до сега примената на ова тестирање резултирало со неколку проблеми вели ресорниот министер Лутфиу.

15 696 матуранти денеска го решаваат завршниот екстерен испит. Околу 300 избрале француски, германски и руски, сите останати полагаа англиски јазик.

Ресорниот министер го посети средното Зеф Љуш Марку.

До сега матурантите полагаа мајчин јазик и математика, останува уште еден предмет закажан на 15ти. 

За екстерното тестирање кое заврши пред два дена  Лутфиу вели побарал да се направи анализа која ќе ги открие предностите и слабостите во имплементирањето.

Полуматурантите денеска ќе знаат како го завршиле екстерното, сите останати на 17 јуни.