Македонија
27. јуни 2016 - 16:45

Заврши реконструкцијата и уредувањето на коритото на реката Поника во тетовско Доброште

Со свеченост во тетовско Доброште беше означен крајот на неколкумесечното уредување на коритото на реката Поника.

Реконструкцијата на речното корито се направи со цел во иднина да се спречи  поплава каква што имаше во август минатата година кога под вода и наноси од кал се оштетија десетици хектари земјиште и куќи.

Покрај општината и владините институции уредувањето го помогна и американската агенција за меѓународен развој УСАИД.

Извршена беше реконструкција на 1.350 метри од речното корито