Македонија
16. December 2017 - 11:45

Заврши манифестацијата „Кавадаречка културна есен“

Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци синоќа заврши манифестацијата „Кавадаречка културна есен“.

Пред присутните настапија хоровите „Мирче Ацев“ и „Вардар“ од Скопје, како и пејачките групи при КУД „Васил Хаџиманов“ и Здружението на пензионери од Кавадарци. 

- Ова е вечер на музиката, вечер која ќе се памети како круна на изминатите шеесет културни денови во Кавадарци, во кои имавме седумдесет културни настани заедно со музејот и библиотеката, рече во своето обраќање Владимир Темков, директор на Домот.

Тој нагласи дека завршувањето на манифестацијата не значи и крај на збиднувањата од областа на културата. Притоа најави и нови културни настани, почнувајќи со неколку годишни концерти.