Заврши есенската сеидба во Крива Паланка и Ранковце
Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Крива Паланка информираат дека комплетно е реализиран планот за есенска сеидба на житни култури за 2015 година на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце, со кој беше засеана вкупна површина од 1870 хектари.
Според планот за есенска сеидба за 2015 година, засеани се 1870 хектари , од кои најголем процент,1610 хектари се засеани од страна на индивидуалните земјоделци, додека земјоделските претпријатија заселе површина од 260 хектари.
- На најголема површина е засеан јачмен, и тоа на 950 хектари, пченица на 760 хектари, со р'ж се засеани 80 хектари и на иста толкава површина посеани се останати житни култури, изјавија од подрачната единица на МЗШВ, Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово