Свет
29. August 2016 - 8:18

Заврши експериментот на НАСА - симулација на живот на Марс

На Хаваи денеска заврши едногодишниот експеримент на НАСА - симулација на живот на Марс.

Во експериментот од 29 август 2015 година шест лица живееја во целосна изолација еден од друг, без свеж воздух и се хранеа со конзервирана храна. Учесниците можеа да излегуваат надвор само со скафандери.

Тој експеримент беше втор по рускиот проект „Марс - 500“ во кој шест лица поминаа 520 денови од јуни 2010 до ноември 2011 година.