Завршена првата фаза од изградбата на патниот правец Теранци-Кучичино
По завршувањето на подготвителните активности, механизацијата на Јавното претпријатие „Македонија пат“ денеска започна со асфалтирање на патниот правец Теранци-Кучичино во општина Чешиново-Облешево, која е дел од регионалниот патен правец Виница–Штип.
- Должината на овој патен правец изнесува 3 километри со 4 метри широчина, а неговата изградба ќе се реализира во две фази од кои првата ќе биде завршена до крајот на оваа недела, а со втората фаза се очекува да се започне во месец јуни со која и овој пат ќе биде комплетно завршен. Изградбата на овој пат е од огромно значење за жителите на нашата општина. Со него ќе се намали сообраќајот кој се одвива по магистралниот пат А3, а воедно ќе се скратат и изминатите километри до соседните општини, изјави Костадин Личков, градначалник на општина Чешиново-Облешево.
Изградбата на делницата Теранци - Кучичино е дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија за изградба на регионална делница во истокот, која ќе ги поврзува општините Штип, Карбинци, Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница. Со изградбата на овој пат Истокот ќе добие комплетно нов алтернативен регионален пат Виница - Штип.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година