Тенис
17. August 2017 - 8:59

Завршена е сезоната и за Вавринка по оперцијата

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка успешно е опериран вторпат сезонава што значи дека за него оваа година на спортски план е завршена.Тој имаше повреда на коленото и мораше со хируршка интервенција да ја лечи повредата.
 
- Втората операција добро помина. Тоа значи дека може да очекувам брзо заздравување. Ќе се видиме во 2018 година. Ви благодарам на сите, напиша Вавринка на социјалните мрежи.
 
Тој е еден од неколкуте тенисери кои годинава поради повреди предвреме ја завршија сезоната. На таа листа се наоѓа и Новак Ѓоковиќ, Кеи Нишикори, додека играчот број 1 на светот (уште оваа недела) Енди Мареј не игра поради повреда. 
Од понеделник Рафаел Надал повторно ќе биде број на АТП листата, а Вавринка во моментов е на четвртото место.