Македонија
18. October 2016 - 12:51

Затвореник од Идризово почина при транспорт до Клинички

Доцна синоќа во 23.11 часот во ЕИК Скопје, било пријавено дека околу 21.45 часот на пат од КПУ-Идризово кон Клинички Центар во возило починал затвореникот Ш.З. (46) од с.Радожда, струшко. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.
 
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено на судска медицина за обдукција.