Македонија
17. January 2018 - 13:35

Затвореник избегал од затворот во Тетово - полицијата го фати

Во 02 часот и 30 минути од страна на полициски службеници од Гостивар приведен бил 23-годишниот Џ.И. од селото Дебреше – Гостивар, кој бил избеган од Казнено поправна установа Затвор -Тетово.

Тој се барал со наредба од затворот Тетово. Кај истиот во возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки биле пронајдени и одземени пиштол, шест куршуми калибар 9мм, ремен со футрола за пиштол.