Живот
4. March 2016 - 18:54

Затвореници прошверцувале стриптизети и направиле забава во затворот Изалко

Затворениците од озгласениот затвор Изалко во Ел Салвадор ги молеле надлежните да им дозволат да организираат забава на која би настапиле женска „танчерска група“ за за да го прослават најпознатиот јужно американски празник - Блажена Девица Марија.
 
Снимката која ја направил еден од затворениците со мобилен телефон открива дека всушност „танчерската група“ ја прават стриптизети поради што надлежните во затворот се во големи проблеми. Министерот Родил Хернандес веднаш вината ја префрлил на својот предходник Нелсон Рауду инсистирајќи дека контроверзната забава се случила во 2012 година.
 
Голите жени играле со затворениците, а на снимката се гледаат мажи со тетоважи кои се симбол на опасни банди со чии членови е наполнет затворот. Снимката наводно е пронајдена во телфон одземен од еден член на криминалната банда при една одвоена истрага, а на неа се гледаат и чувари кои се забавуваат.
 
Како тоа изгледало, погледнете на снимката: