Балкан
21. November 2017 - 10:05

Затворен и порталот на „Новине врањске“

Сопственикот на порталот „Врањске“, Вукашин Обрадовиќ објави дека сајтот престана со работа бидејќи не можел да обезбеди минимални услови за понатамошно функционирање.

Порталот „Врањске“ почна со работа откако на 18 септември е затворен локалниот неделник „Новине врањске“ поради, како што се наведува, политички и економски притисоци од локалните власти.

Електронското издание на весникот беше покренато по седумдневниот штрајк со глад на сопственикот Обрадовиќ.

- Им благодарам, пред се, на посетителите на нашиот сајт, како и на сите кои со својот ангажман придонесоа онлајн изданието на Врањски, за кратко време и во многу тешки услови, да стане еден од најпосетуваните и најкредибилни портали во јужниот дел на Србија, наведува Обрадовиќ.

Затворањето на „Новине врањске“ беше повод и за формирање на Група за слобода на медиумите, која оттогаш во цела Србија спроведува акциии „Стоп за медиумскиот мрак“.