Бизнис
23. September 2017 - 12:08

Затуроска: Заев најави дека ќе и доделува субвенции во милионски износи на фабриката Санос која има само 3 вработени

Фирмата „Санос“ наместо да одговори уште повеќе се заплеткува во скандалот. Јавноста не виде работен процес, а ниту работници и тоа во работно време и во работен ден. Тие не кажаа како е можно фирма со 3 вработени, бројка која во јавноста се објави дека работат во „Санос“, да се произведат 5, па уште и да најават извоз на 70 други автобуси, вели Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочува дека овде се работи за измама која може да се запише во Гинисовата книга на рекорди.

Во ваква крајно сомнителна зделка уште посомнително е што Зоран Заев најави дека ќе и доделува државни субвенции во милионски износи. Граѓаните со право се прашуваат како се трошат нивните пари и дали се прават малверзации од кои ќе се одлеваат пари на приватни сметки, истакнува Затуроска.

Таа вели дека јавноста сака да види колку вработени има „Санос“, дали тие изработуваат или само репарираат автобуси, бидејќи тоа е клучно околу исплатата на средства или повратот на ДДВ.

-Нашите информации се дека се само тројца вработени. Ова очигледно е работа на обвинителството кое мора да провери дали се работи за спектакуларна измама која завршува како спектакуларен криминал, нагласува пратеничката.