Свет
21. March 2018 - 22:43

Застрашувачка глетка: Континентот почна да се „расцепува“ на два дела и тоа побрзо од очекуваното

Иако дури за милион години, Африка би можела да остане без источниот дел, поради отцепување на континатот, оваа природна појава веќе почна да предизвикува проблеми.

Геолошкиот процеп, кој еден ден може да се наполни со океан, се шири многу побро од очекуваното.

Поради оваа природна катастрофа се срушил и патот во Кенија.

Во процепот, продира и вода, што придонела до влошување на ситуацијата, правејќи нови пукнатинио во земјата.

„Големо расцепување ја дели Африка на две плочи и утврдивме дека сомалиската плоча е одвоена од остатокот од континентот со стапка од 2,5 сантиметри годишно. Ако овој тренд продолжи, сомалиските плочи ќе продолжат да се одвојуваат од плочите, што би можело дополнително да ги загрози постоечките инфраструктурата и безбедноста на населението ", рече геологот Дејвид Адде.

Научниците ќе продолжат да работат на проучување на овој феномен со цел да ја советуваат владата за најбезбедни места за изградба на патишта и куќи.ж

 

.