Бизнис
19. July 2015 - 16:38

Засилени контроли на УЈП во туристичките центри

Запленет алкохол без бандероли во угостителски објект во Битола и затворени два малопродажни објекти поради неиздавање на фискални сметки. Сомнителниот алкохол кој угостителите го служеле на своите гости го откриле службите на УЈП кои веднаш ги повикале мобилните  царински служби за да откријат како се нашол пијалокот во објектот, и да превземат понатамошни мерки. Двете продавници пак што работеле незаконски, освен што добиле клуч на врата ќе платат и парична глоба во износ од 3250 евра.

Поради зголемениот обем на работа во екот на летната сезона во угостителските објекти, од УЈП најавуваат засилени контроли  не само во главниот град туку и низ сите угостителски и деловни објекти низ туристичките центри во земјава.

Во јануари годинава имаше две поголеми акции на УЈП кога беа опфатени 44 угостителски објекти во Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод и голем дел од објектите беа затворени поради неиздавање на фискални а сопствениците се соочија со парични казни.