Бизнис
11. January 2016 - 19:54

Заштеда за компанииите кои имаат систем за мониторинг и управување со потрошувачка на струја

Со систем  за  мониторинг  и управување со потрошувачката на енергија компаниите би работеле  подомаќински и би ги намалиле трошоците за производство.

Стопанствениците би заштедиле и до 30 отсто од вкупните трошоци за енергија на годишно ниво. Ова се пресметките на УСАИД кои проектот за енергетска ефиканост во земјава го воведоа пред три години.

Паралелно ќе помогне и за зголемување на конкуретноста на домашната индустрија и намалување на емисијата на стаклечнички гасови.

Поголем дел до фирмите кои веќе го имаат воведено, постигнале заштеди  поголеми од 10 отсто. Оние кај кои енергијата во производствените процеси е застапена во полам процент, ги намалиле трошоците до 3 отсто. Со него може да се следи потрошувачката  на една или повеќе локации.

За две години системот го имаат воведено 17 фирми. Главно станува збор за средни и големи компании кои се високопрофитабилни. Проектот  за индустриски менаџмент на УСАИД трае уште една година.