Македонија
1. December 2015 - 9:08

Засадување садници во општина Петровец

Во пресрет на 16-та Есенска акција „Денот на дрвото-засади ја својата иднина“, Министерството за надворешни работи заедно со дипломатскиот кор во Македонија, денеска организира засадување млади садници во општина Петровец, во кругот на Јавното претпријатие „Јасен”.

Како и сите досегашни акции, Министерството за надворешни работи во целост ја поддржува  и оваа акција која годинава се одвива под мотото „Засади успех“.