Кошарка
23. October 2017 - 18:33

Заре Марковски селектор на Романија

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација и екс спортски директор во МКФ Заре Марковски е назначен да биде селектор на кошаркарската репрезентација на Романија. Марковски ќе ја предводи Романија во квалификациите за Светското првенство 2019 година.
Македонскиот тренер во моментов е тренер на турската екипа Трабзонспор, а како селектор на Романија ќе дебитира на 24.ноември против Италија.
Марковски беше селектор на Македонија на првото учество на нашата репрезентација на Европското првенство 1999 година.