Свет
9. November 2016 - 12:30

Запознајте ја првата дама на САД, Меланија Трамп која е родена во Словенија

Сопругата на Доналд Трамп, Меланија Трамп ќе стане новата прва дама на САД.

Сите знаеме дека е елегантна, убава и секогаш добро облечена, но што не знаеме за новата прва дама на САД?

Нејзиното детство

Родена на 26 април 1970 во Ново Место, во југоисточна Словенија, кога државата била дел од Југославија. Нејзиниот татко Виктор бил дилер на автомобили додека пак нејзината мајка Амалијам била производител на патенти. Студирала на Универзитетот во Љубљана само една година, пред да ги напушти студиите и да се посвети на својата кариера како модел. Уште тогаш познавала 5 јазици: словенечки, српски, англиски, француски и германски.

Кариера како модел

Во 1998 година потпишала договор со модна агенција во Милано. Претходно во 1992 година се преселила во Милано а во 1996 година во Њујорк. Во Њујорк снимила голем број на кампањи, а во 2000 година беше на насловната страна на Спорт илустрејтетд, како бикини модел.

Познанството со Доналд Трамп

Во 1998 година Меланија се запознава со Доналд Трамп. Кога се запознале таа одбила да му го даде нејзиниот број, туку наместо тоа го зела неговиот.

-Ако  му го дадев мојот број ќе бев една од оние на кои им се јавува, се сеќава таа на првата средба.

Нивниот прв состанок бил во Moomba во Њујорк. Започнале да се забавуваат и во 2004 година, Трамп ја побара за жена, а стапија во брак една година подоцна.

Г-ѓа Трамп

На 22 јануари 2004 година, таа и официјално стана г-ѓа Трамп и маќеа на 4 деца од Трамп од претходниот брак, Доналд Џуниор, Иванка, Ерик и Тифани. Нејзиниот венчален фустан креиран од Џон Галиоано чинел 1 милион долари, имал 1.500 кристали и биле потребни 500 часа за да биде завршен. Во март 2006 година, таа го родила нивниот син Барон Вилијам, кого таа го вика нагалено Мини Доналд. Тој е воспитан да го знае перфектно и словенскиот јазик.

Втората прва дама која не е родена во САД

Меланија е втората прва дама на САД која што не е родена таму. Првата била Луиза Адамс, жена на Џон Куинси кој беше претседател на САД од 1825 до 1829 година. Таа е трета прва дама која својата кариера ја имала како модел, пред неа тоа биле Бети Форд и Пет Никсон.