Фудбал
9. November 2017 - 12:24

Започнува завршната битка за пласман на СП во Русија 2018

 
Со двата натпревраи кои ќе се играат вечерва ќе започне завршната битка за пласман на СП во Русија 2019 година. 
 
Осум желби,но само четири паразни места има на Мундијалот во Русија, кога во прашање се селекциите од стариот континент. 
 
Бараж пресметките стартуваат вечерва со дуелите Хрватска - Грција и Северна Ирска - Швајцарија кои ќе се играат во термините од 20 часот и 45 минути. Во истиот термин утревечер својот прв дуел ќе го имаат Шведска  и Италија, додека ден подоцна (11.ноември) па програмата е првата средба меѓу Данска и Република Ирска (сите од 20:45 часот)
 
Реванш дуелите ќе се играат од 12 до 14 ноември.
 
Потсетување дека во баражот место ќе бркаат уште две селекции,победниците од мечевите меѓу Хондурас - Австралија (петк 23 часот) и Нов Зеланд - Перу (сабота 04.15 часот). 
 

На африканскиот континент ќе се играат мечевите од последното коло.