Балкан
11. December 2017 - 8:44

Започнува судењето против напаѓачите на ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул

Во Истанбулскиот суд за тешки кривични дела денеска започнува случајот против извршителите на терористичкиот напад на новогодишната ноќ во клубот „Реина", при што беа убиени 39 лица, а над 100 лица беа повредени. 

Главниот обвинет е Абдулкадир Машарипов, уапсен од турската полиција по речиси едномесечно потрага. Заедно со него, на обвинителната клупа денеска ќе се појават уште 56 лица. Од безбедносни причини, судењето ќе се одвива во затворот Силиври, во близина на Истанбул.

Вкупно 122 лица, од кои 60 странци, се повикани да сведочат како повредени или тужители.

Обвинителството бара за Масарипов 40 пати доживотен затвор. Исто толкава казна се бара и за Илијас Машарипов, Абдураф Серт, Али Џамал ​​Мохамед и за сопругата на Машарипов Зарина Нурулаева.

За другите обвинети, се бараат вкупноп 2.370 години затвор.

Според обвиненителниот акт, оружјето и експлозивите користени при терористичкиот акт биле увезени непосредно пред нападот, преку различни келии на „Исламска држава“..

По нападот во турската полиција, биле добиени известувања за 2000 лица. Во операциите на турската полиција, 642 лица беа уапсени, и тоа сите странци, кои беа екстрадирани.

Според обвинителството, сите терористи на ИД користеле кодни имиња.

Откако бил уапсен во стан во населбата Есенјурт каде се криел, при сослушувањето Машарипов призна дека е член на ИД и дека дошол во Истанбул од Сирија, за да се „одмазди на христијаните на нивниот најголем празник", Нова година, која во Истанбул традиционално се прославува на плоштадот Таксим. Поради зголеменото полициско присуство, тој не успеал да изведе напад на Таксим, се вратил и го извршил нападот во „Реина".

Вкупно 39 луѓе беа убиени и над 100 повредени, главно туристи од арапските земји,  во ноќниот клуб во Истанбул откако напаѓачот, облечен како Дедо Мраз влегол и пукал во гостите. Нападот се случи неколку минути по полноќ во познатиот ноќен клуб Реина, во областа Бешикташ во европскиот дел на Истанбул на брегот на Босфор. Во клубот имало новогодишна забава. Во мај годинава, клубот беше урнат.