Македонија
14. February 2018 - 20:12

Започнува спроведувањето на Договорот со Бугарија

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија стапува во сила. Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров попладнево со својата бугарска колешка Екатерина Захариева го потпишаа протокол за размена на документи за ратификација на спогодбата.  Историјата ни се насмевнува, а иднината ни се отвара рече Димотров по потпишувањето во Советот на министри во Софија во присуство на бугарскиот премиер Борисов.

- Имаме сосема различни односи по потпшишувањето,,,,на некој начин ова е среќа за нас бидејќи стигнува во момент кога Буггарија претседава со Советот на ЕУ... Даваме надеж дека ние на Балканост сме единствени.

Слични пораки стигнаа и од Захариева

Спогодбата стапува во сила еден месец откако двата парламента го ратификуваа догворот склучен уште на 1 август во Скопје. Договорот тогаш од името на државата го потпишаа Зоран Заев и Бојко Борисов.

Во спогодбата се предвидува и формирање на две комисии. Едната мешовита експертска група која треба да направи ревизија на заедничката историја и историските учебници, а другата меѓувладина која ќе ја следи имплеметацијата на Договорот.  Мешовитата група според догвороено ќе бори 14 луѓе, по седумина од скеоја страна.

Двете договорни страни се обврзаа да преземаат мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции.

Димитров ќе имаше средби и со со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.