Бизнис
28. јуни 2017 - 20:20

Започна жетвата во прилепско

Заради бројните пролетни временски непогоди, годинава приносите од жито во прилепско, ќе бидат преполовени, тврдат земјоделците кои деновиве започнаа со жетвата. Исто така, тие стравуваат и за понудената откупна цена од само 8 денари за килограм, за која тврдат дека е прениска што ќе услови намалување на посевите под пченица. 
 
Според проценките на земјоделците, откупната цена на пченицата треба да биде 12 денари за килограм како би можеле да имаат исплатливо производство. Во спротивно тие се закануваат со преориентација кон одгледување на  други култури.