Македонија
27. January 2018 - 20:08

Започна координативниот состанок за предлозите на Нимиц

Вечерва започна координацијата на државно политичкиот врв за спорот со името на кој треба да се одредат црвените линии.

Во Клубот на пратениците стигнаа претседателот Ѓорге Иванов со уште двајца претставници од Кабинетот, премиерот Зоран Заев заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со Владо Мисајловски и Александар Николовски, а Ахмети дојде со потпретседателите во Владата Бујар Османи и Хазби Лика.

Тие седнаа на заедничка маса по средбата на Заев со Ципрас која траеше неколку часа во Давос, како и по новата рунда преговори со Нимиц.