Бизнис
23. January 2018 - 16:10

Започна форумот во Давос

Со автобуси, наместо со хеликоптери. Малото елитно село на швајцарските Апли е затрупано во снег како што немало во послендите 20 години. па елитата се намачи да стигне таму. Најголемиот собир на богатите ќе собере 3000 учесници на едно место.  Постарите велат дека овие неколку дена ќе им заштедат многу пари и време затоа што на едно место ќе ги остварат сите контакти за кои инаку би требало да патуваат неколку месеци низ цел свет. Ова штедење ќе ги чини 38.000 долари по човек, толку изнесува цената за учество на настанот. Рекордот годинава го држи компанија кога за присуство на својата делегација ќе плати половина милијарда евра.

Сите надежи на организаторот се дека до петок, времето ќе се стабилизира за да може да пристигне американскиот претседател Донлад Трамп. Во давос ќе пристигнат и уште  70 шефови на држави или влади или многу како никогаш досега. Освен тоа, присутни ќе бидат и претставници на речиси 40 меѓународни организации, од ОН, ММФ и Светска банка, сѐ до Гринпис и Оксфам.

Шефицата на ММФ во воведното обраќање посочи дека глобалниот раст забрзува, оптимизмот расте дека конечно долгата криза завршила. Но ова не е доволно.

Мотото на годинашниот форум е „Да создадеме заедничка иднина во еден разединет свет“. Разединетоста се гледа и по застапеноста на жените во Давос, само 21% од присутните се дами. Давос годинава останува и без постојаниот декор, демонстрантите против богатите на кои заради снегот им е забрането да протетсираат.