Македонија
20. April 2017 - 16:29

Започна чистењето на дивите депонии во Прилеп

Во текот на наредните месец дена во Прилеп ќе се спроведува голема акција за отстранување на бројните диви депонии кои, во текот на зимата, непрописно се создадени на сите четири влезови во градот.

Според надлежните, грдата слика која се воочува уште при самиот влез во градот, крајно го нарушува имиџот на градот, кој, инаку важи за еден од најчистите и еколошки најуредени градови во земјава. 

Од ЛС, за несовесните граѓани, во иднина, најавуваат и многу поригорозни санкции.

Инаку, од почетокот на пролетта досега, ЈКП “Комуналец” спроведе неколку вакви поголеми акции, но, со нив беа опфатени градските јавно – прометни површини.