Бизнис
25. July 2016 - 16:31

Започа изградбата на неколку патни правци во Крушево и Кривогаштани

Тече асфалтирањето на патот за Вашарејци. Откако жителите на крушевското село Бучин пред неполна недела го побараа ова од претседателот на владеачката партија при неговата посета на местото веднаш почна обновата на патот.

Проширени се тесните грла на патот Бучин Вашарејци, Ивановци, Трновци. Асфалтирањето на овој пат претставува решавање на најгорливиот проблем на жителите на овие населени места.

-По доаѓањето на претседателот на ВМРО ДПМНЕ патот почна да се гради, брзо почна градбата.Овој пат беше доста оштетен, голем број на жителите го користиме, истакнува жител на Вашарејци.

Задоволни од брзата реакција жителите посочуваат дека претходниот пат им бил значајна пречка, одалечени сме по 30 километри од Битола и исто толку од Прилеп дупки колку сакаш, непрооден беше, сега е друго, сега патот е поширок, може две коли слободно да се разминат, патот ни е важен бидејќи поврзува 4 општини Битола Демир Хисар, Крушево Прилеп, посочува жител на Крушевското село Бучин.

Задоволни се и жителите на Ивановци. Тие додаваат, не е само патот, сега како што се гради никогаш порано не било така. И субвенции се добива за тутун, кромидот, пиперките. Порано тоа го немаше, истакнува постар жител на селото кој долги години се занимава со земјоделие.

Значајна инвестиција за овој регион е и асфалтирањето на регионалниот пат Кривогаштани, Обршани  Воѓани кој е во завршна фаза. Инвестицијата е вредна 1, 3 милиони евра.