Македонија
2. November 2015 - 14:59

Заплена на аеродром: Од Лондон си купил семки марихуана

Во текот на минатата недела Царинската управа откри и еден обид за нелегално внесување во државата на семки од марихуана.

На 25 минатиот месец на скопскиот аеродром Александар Велики, за влез во државата се пријавил македонски државјанин, кој допатувал со лет од Лондон.

Патникот бил селектиран за детален преглед, при што во неговата патна торба бил пронајден бел плик со натпис на фирмата White Label Seed Company од Холандија, со една опаковка со 10 семки од марихуана.