Македонија
18. October 2016 - 13:00

Запалено возило во Скопје

Вчера вечер во 21.46 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Благоја Стефковски“, од непознати причини било опожарено патничко моторно возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С.П. (23) од Скопје.
 
Со пожарот било зафатено задното десно тркало и дел од внатрешноста на возилото.
 
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.