Македонија
2. November 2016 - 16:40

Запален џипот на познат скопски угостител

Подметнат пожар на паркинг простор во скопски Аеродром целосно уништи луксузно возило со скопски регистерски таблички. Во инцидентот нема поврдени, но причинета е значителна материјална штета. Како последица на пожарот на џипот марка „Гранд чироки“, запалено било уште едно возило кое било паркирано во непосредна близина. На местото на настанот попладнево се забележуваа само траги од изгаснатиот пожар.  

Според информации од МВР џипот со скопските регистерски таблички бил опожарен 30-тина минути по полноќ. Увидот на полицијата е се уште во тек, по што ќе бидат познати и причините за инцидентот.

Повеќе информации за настанот не сакаше да открие ниту министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

Неофицијално опожарениот џип е во сопственост на 39-годишен познат скопски угостител, сопственик на повеќе ресторани за брза храна. Пожарот го подметнала поголема група која подолг временски период му се заканалувала на неговото семејство и барала пари, но овие информации засега МВР ниту ги потврдува ниту ги негира.