Македонија
1. September 2015 - 12:06

Запален автомобил на скопјанец

Возило на скопјанец било опожарено. На 31.08.2015 година околу 02,10 часот на ул.„1010“ од страна на непознат сторител најверојатно со запалива течност опожарено е патничко моторно возило„Хонда“ со скопски регистерски ознаки сопственост на М.С.(32) од Скопје.

Од страна на противпожарна бригада пожарот бил изгаснат, а од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.