Македонија
16. January 2017 - 16:48

Замрзнати водомери и енормна потрошувачка на вода во Прилеп

Екстремно ниските температури, кои во изминатите денови во Прилеп се спуштија и до -20 степени Целзиусови, освен што рапидно ја зголемија потрошувачката на вода на 450 литри во секунда, исто така предизвикаа и извесни дефекти како резултат на измрзнување на цевки и водомери. Прилепски “Водовод” досега извршил замена на вкупно 600 водомери.
 
Доколку потрае ваквото време, најверојатно во функција ке бидат ставени  и бунарите, бидејки залихите на вода од Регионалниот водовод “Студенчица”, значително се намалени, посочува првиот човек на ЈКП “ВиК”, Сашо Николоски.
Инаку, во текот на вчерашниот ден е отстранет дефектот во населеното место Чепигово, каде целосно беше замрзната водоводната линија. Од прилепски “Водовод” апалираат до граѓаните крајно рационално да се користи водата како би се избегнале евентуалните рестрикции.