Македонија
17. January 2017 - 16:09

Замрзна вештачкото езеро во Прилеп

Поларните температури, кои во изминатите денови во Прилеп го достигнаа дури дваесеттиот степен под нулата, за прв пат после повеке децении го замрзнаа прилепското Вештачко Езеро.
 
Од ВП “Прилепско поле” , кое стопанисува со акумулацијата, велат дека не паметат од кога не било вака замрзнато Езерото, и апелираат до граѓаните да не го користат истото како лизгалиште, што е опасна појава која е регистрирана во последниве денови.
 
Замрзнувањето на Езерото го доведува во прашање и опстанокот на рибите во него, бидејки редовно се порибува.Инаку, водите од прилепското Вештачко Езеро се користат за наводнување на земјоделските површини, а со финансиска помош од МЗВШ, во изминатиот период, за прв пат од изградбата во минатиот век, беа преземени крупни градежни зафати за зацврстување на браната.
 
Капацитетот на акумулацијата е 6 милиони метри кубни вода, а во моментов тој е двојно помал.