Технологија
29. September 2015 - 12:17

Замрзна нов iPhone, а потоа го удри со чекан - Она што остана ќе го расплаче секој фан на Apple

Екипата FullMag од Јут јуб е позната по тоа што сака да уништува нови и скапи уреди на најразлични начини, овојпат се решиле новиот iPhone 6S да го замрзнат со течен азот, а потоа да го удрат со чекан.
 
Истурија течен азот во сад, а потоа го ставија телефонот. Не требаше многу време за да замрзне телефонот, потоа го стави меѓу две тули и го удри со огромен чекан. Крајниот резултат го знаете и самите.
 
Екранот на телефонот се скрши прв, а алуминиумското куќиште остана во едно парче.
 
Погледнете го видеото...