Балкан
21. September 2017 - 9:10

Заминала кога почнал врска со Цеца - Еве каде се наоѓа поранешната жена на Аркан

Павле Стевовиќ, поранешен финансиски директор на сите фирми на Жељко Ражнатовиќ, откри каде денес се наоѓа поранешната жена на Аркан, Наталија и со што се занимава.

-„Во Америка е, во Лос Анџелес. Знам дека живее тешко и се мачи. Работи како бејбиситерка. Велат дека се разболела. Близнаците и Милена завршија колеџ, работат на две места за да можат да преживеат, а најмладата Маша уште се школува.“ – објаснува Стевовиќ.

Тој додава дека Наталија заминала веднаш штом дознала дека Жељко се гледа со Цеца. Прво отишла во Франција, а потоа во Грција. Во САД заминала по смртта на Аркан и семејната трагедија, кога нејзиниот брат го убил целото семејство, па себеси.